Прва награда на ликовно-литературен конкурс

Нашиот ученикот Даријан Младенов од V-в одделение под менторство на одделенскиот наставник Дијана Николовска освои прва награда на ликовно-литературен конкурс во категорија ликовни творби организиран од страна на Противпожарен сојуз на Град Скопје.
На ликовно-литературниот конкурс учествуваа над 1000 ликовни творби од ученици од градот Скопје, а свеченото доделување на наградите се одржа во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, каде што присуствуваа сите наградени ученици.
Честитки Даријан за постигнатиот успех!

Nnb Logo 360, 21-07-2025
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе