Прво место за училишниот хор и оркестар - ООУ „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“
NNB PREDNA 300

Прво место за училишниот хор и оркестар

На регионалниот натпревар ( Скопски регион) организиран од Здружението на музички педагози нашиот хор и оркестар блеснаа со успех. Прво место 93 бода за училишниот хор и прво место 100 бода за училишниот оркестар. Под раководство на наставничката Весна Трајковска, нашите посветени, неуморни , талентирани ученици секоја година нижат високи успеси. Хармонија и музика за душа.
Хармонијата создадена од звуците на нивните инструменти ја продолжуваат на Државниот натпревар на 14.05.2025 год во Малата сала во Филхармонија. Честитки за трудот, посветеноста и љубовта кон музиката. Продолжете на инспирирате со вашите изведби и достигнете го врвот на Државниот натпревар.

NNB LOGO 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе