Известување за онлајн настава

NNB PREDNA 300

Известување за онлајн настава

Се известуваат вработените, учениците и родителите, дека по добиената официјална информација од МОН за реализација на наставата во нашето училиште во периодот од 15.09.2025 до 19.09.2025 за учениците од ООУ “Н.Н.Борче”, ќе се организира онлајн настава.
Одлуката за онлајн настава е донесена според препораките од Државниот инспекторат за животна средина бр. 02-1009/1 од 14.9.2025 година и од Владата на РС Македонија на 112-та седница одржана на 14.9.2025 година.
Наставата ќе се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација, во периодот од 15.9.2025 до 19.9.2025 година.
Часовите ќе се одвиваат по редовниот распоред за часови.
Сите инструкции за реализација на часовите, учениците и родителите ќе ги добијат од одделенските и класните раководители.