Почитувани ученици и родители!
Ве известуваме дека учебната 2025/2026 година ќе започне на 01.09.2025 година (Понеделник) со следниот распоред:
Свечен прием на првачиња во 10.00 часот во училишниот двор!
Учениците од II, III, VI, VII, VIII и IX одделение во 07.30 часот!
Учениците од IV и V одделение во 08.30 часот!
Наставата од 02.09.2025 година (Вторник) продолжува со следниот распоред на смени:
Прва смена од 07.30 часот, учениците од I, II, III, VI, VII, VIII и IX одд
Втора смена од 12.30 часот, учениците од IV и V одделение.
Во текот на цела учебна година учениците од VI, VII, VIII, IX одд. ќе посетуваат настава само ПРВА СМЕНА.
Учениците од I до V одд. ќе посетуваат настава во ДВЕ смени.
Среќна и успешна 2025/2026 учебна година!
В.д. директор, Елизабета Темелковска