Детската недела ја завршуваме

Детската недела ја завршуваме со значајни октомвриски датуми, креативните идеи се редат во низа, а беа наградени и уникатните и извонредни есеи за детството:
​🌱 Креативна еко-работилница: Преку креативни вежби учениците развиваа еколошка свест и грижа за природата, испраќајќи порака дека иднината е во рацете на децата.
​🧸 Хуманитарна акција: Децата донираа и разменија книги и играчки, промовирајќи ги солидарноста, другарството и споделувањето.
​📜 Сертификати за извонреден есеј: Им беа доделени признанија на учениците за нивните креативни и инспиративни пораки посветени на детството.
​💚Светски ден на менталното здравје Реализирана е активност со пораки за благодарност, разбирање и взаемна поддршка.
💫​Сите активности уште еднаш ја потврдија важноста на хуманоста, емпатијата и вистинските животни вредности.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.