Посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари VIII-а

Денес, учениците од VIII-а одделение го посетија археолошкиот локалитет Тумба Маџари, во рамките на изборниот предмет „Истражување на родниот крај“.
Целта на посетата беше учениците поблиску да се запознаат со културното и историското богатство на нашиот крај, да ја развиваат свеста за неговото значење и да поттикнат чувство на одговорност за зачувување на нашето природно и културно наследство.
Преку непосредно истражување и учење на терен, учениците имаа можност да ја поврзат теоријата со практиката и да ја осознаат важноста од грижата за богатствата што ни ги оставиле нашите предци.
Да го запознаеме, да го чуваме и да го негуваме нашето наследство!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.