ERASMUS+ ПРОЕКТ AI@School
AI@School: Unlocking the Power of Artificial Intelligence in the Classroom (2025-1-ES01-KA210-SCH-000350448)
Тип на проект:
KA210SCH (Мали партнерства во училишното образование)
ПЕРИОД НА РЕАЛИЗАЦИЈА: 2026–2027
ВЕБ-СТРАНИЦА НА ПРОЕКТОТ: https://www.aiatschooleu.net
ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ:
Апликант (координатор):
IES Trevenque – Шпанија
Партнер 1:
CEIP Virgen del Carmen – Шпанија
Партнер 2:
Nurmijärven lukio – Финска
Партнер 3:
ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Скопје
Партнер 4:
Hamza Yerlikaya Ortaokulu – Турција
Партнер 5:
Sivas Alparslan Ortaokulu – Турција
Цели на проектот
Главната цел на проектот е да се зајакнат знаењата, вештините и ставовите на учениците, како и педагошките компетенции на наставниците во користењето на AI алатки, со цел да се подобри квалитетот на процесот на учење преку ефективна, безбедна, инклузивна и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието и размена на добри практики помеѓу партнерските училишта.
Трите главни аспекти на проектот се:
1. Вештачка интелигенција во образованието
2. Етичка употреба на вештачката интелигенција
3. Развивање на AI писменост
Имплементација
Во текот на проектот ќе се реализираат следните активности:
– Транснационални обуки за наставници за размена на добри практики
– Локални работилници за наставници за споделување на резултатите
– Виртуелни средби меѓу учениците
– Локални училишни активности со ученици и наставници
– Пренос и дисеминација на проектните резултати преку eTwinning и ESEP платформата
Очекувани резултати
Конкретни резултати (материјални):
– 2 електронски книги
– 1 прирачник
Очекувани придобивки:
Наставниците ќе стекнат педагошко знаење, позитивен став и дигитални компетенции за интеграција на AI алатки во наставата
– Учениците ќе ги усвојат принципите за етичка употреба на вештачката интелигенција
– Ќе се зајакнат знаењата, вештините и ставовите на учениците поврзани со AI писменост.
Координатор:
Маја Станковска








Поврзани содржини