Грижа за менталното здравје уште од најмала возраст
Во рамки на програмата Street Smart, преку едукативното знаме Animal Yoga, децата на забавен и интерактивен начин учеа како да се поврзат со своето тело, да се смират и да ја подобрат својата концентрација и ментална благосостојба. 🧠🐾
На 9 Април 2026 година, во ООУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, Скопје, едукаторот Маја Станковска работеше со 15 ученици од прво одделение, кои преку игра, движење и имитација на животни откриваа колку е важно грижата за менталното здравје уште од најмала возраст.
Преку оваа активност, децата учеа дека мирот, вниманието и емоционалната рамнотежа се дел од секојдневните навики што се градат преку едноставни, но значајни вежби. 🌿






Поврзани содржини