Logo predna

Соопштение за упис на првачиња 2026/2027

📑📌СООПШТЕНИЕ
за запишување ученици во прво одделение
во учебната 2026/27 година

Почитувани родители/старатели,
📝 ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Скопје, Ве известува дека Согласно член 60 од Законот за Основно образование(Службен весник на Република Северна Македонија бр.161/2019, 229/2020 и 3/2025) ќе врши запишување на учениците во прво одделение во учебната 2026/2027 година од 04.05.2026 г. до 29.05.2026 година.

📑Право на запишување во прво одделение имаат:
👫 деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години ( сите деца што се родени во 2020 година).
👫 деца кои ќе наполнат шест години до 31 Јануари наредната година (деца што се родени до 31.01.2021 год.) по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагог или психолог во училиштето.

📑📄При запишување на детето во прво одделение родителот е должен да ги достави следните документи:
🖋️Извод од матична книга на родените на детето (може и копија)
🖋️Потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа;
🖋️Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа- (Поликлиника Ченто)
🖋️Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
🖋️Лична карта од родители – на увид.

📑📝При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави и проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост за дополнителна образовна подршка.

📑📝За запишување на ученикот може да пополните ПРИЈАВА, која е објавена на веб страната на училиштето или подолу дадена во прилог, и истата да ја испратите на следната е-маил адреса:
strucnisorabotnicinnb@yahoo.com

Доколку не сте во можност електронски да ја пополните пријавата ќе можете да ја подигнете од училиштето секој работен ден од 8 – 14 часот.

⏳️Уписот ќе се организира во месец Мај во просториите на училиштето.

🛎 За термин за опсервација на детето дополнително ќе бидете известени по пријавувањето.
👉 ПРИЛОГ: ПРИЈАВА

Директор,
Ивица Петрушевски

NNB LOGO 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе