Хумана комуникација кај младите 19 05 2026

Хумана комуникација кај младите

💜💛Активности во рамки на научноистражувачкиот проект со наслов „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, кој е одобрен и финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, а се реализира од истражувачки тим од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
💜💛Целта на проектот е да придонесе кон подобро разбирање и развој на емпатична, општествено одговорна и креативна комуникација кај младите, како значаен предуслов за квалитетни меѓучовечки односи, социјална кохезија, ментално здравје и општа благосостојба.
💜💛Истражувањето има и практична вредност, со можности за примена во образовниот процес, превенција и разрешување конфликти, како и унапредување на етичките комуникациски практики.
💜💛Благодарни сме за можноста да покажеме дека Хуманата комуникација е единсвтениот вистински пат во креирање на квалитетни, здрави млади луѓе, како и подобра и посветла иднина.
💜💛#ХуманаКомуникација💜💛

NNB LOGO 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе