Настава во природа – петто одделение
Во периодот од 19.05.2026 до 22.05.2026 година, учениците од петто одделение реализираа настава во природа. 🌲🚌 Наставата во природа помина во позитивна атмосфера, а учениците покажаа одговорност, дисциплина и активно учество во сите предвидени активности. 🏕️✨ За време на престојот беа спроведени бројни воспитно-образовни, спортски и рекреативни активности, согласно програмата за настава во природа. 🏃♂️⚽🏸
Учениците имаа можност да ги прошират своите знаења преку непосредно набљудување и истражување на природната средина, да развиваат еколошка свест, како и да стекнуваат нови искуства и вештини. 🌿🔍🧐 Покрај образовните содржини, беа организирани прошетки, забавни и тимски активности кои придонесоа за подобрување на соработката, другарството и меѓусебното почитување меѓу учениците. 🤝❤️🎈
Целите на наставата во природа беа успешно реализирани, а учениците се вратија со нови знаења, убави спомени и збогатени искуства. 🧠📸💭🌟
Актив на наставници од V одделение 👩🏫👨🏫
Елизабета Темелковска
Снежана Величковска
Сања Груева 👋✨







Поврзани содржини