Тридневна екскурзија IX одд
Во периодот од 18.05.до 20.05.2026 учениците од IX одделение реализираа тридневна екскурзија низ Македонија во придружба на одделенскaта наставничка и класниот раководител. 🚌🇲🇰 На екскурзијата посетивме повеќе знаменитости, културно-историски места и природни убавини. 🌲🏰 Во текот на патувањето учениците имаа можност подобро да се запознаат со историјата, традицијата и културата на нашата држава, но и да се дружат и стекнат нови спомени. ✨📸
Првиот ден патувавме кон Дебар каде што посетивме Бигорски манастир ,,Свети Јован Крстител“ – манастир што се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близинаа на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште по течението на реката Радика во Западна Македонија… 🏔️⛪ Учениците покажаа голем интерес и активно учествуваа во разгледувањето. Се продолжи кон Рајчица. Попладне се сместивме во хотелот и започнавме со ручек. 🏨🍽️ Шетање низ градот Охрид, вечера и организирана забава. 🌅🕺💃
Вториот ден беше исполнет со прошетки, посети на знаменитости и заеднички активности. 🚶♂️🎒 Посета на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“. 🦆🌊 Атмосферата беше весела, а учениците покажаа одговорност и почитување на правилата.🤝😊
Третиот ден, по појадокот, се упативме кон градот Крушево, попатно Битола. 🚗🏙️ Го посетивме споменикот „Македониум“, спомен куќата на Тодор Проески. 🏛️🎤❤️
Патувањето помина во позитивно расположение. 😊 Екскурзијата беше успешно реализирана и остави убави впечатоци кај сите ученици. 🌟 Освен едукативниот карактер, таа придонесе за подобро дружење, соработка и создавање незаборавни моменти. 💞🎉
Класен рководител Јовица Николовски 👨🏫
Одделенски наставник Марија Депиновска 👩🏫✨







Поврзани содржини