Учениците од IV одделение ја посетија Метеоролошката станица
Денес учениците од IV одделение ја посетија Метеоролошката станица, каде што имаа можност одблизу да се запознаат со работата на метеоролозите и со инструментите што се користат за следење и мерење на временските услови 🏫📊🌍.
Учениците дознаа како се мери температурата, атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот, брзината и насоката на ветерот, како и количеството на врнежи 🌡️💨🌧️📈.
Преку непосредно набљудување и интересни објаснувања, учениците го проширија своето знаење за времето и метеоролошките појави и научија како се создава временската прогноза ☀️☁️🧠💡!







Поврзани содржини